Виа Инжинеринг ДОО Вевчани е градежна организација со седиште во Вевчани која се занимава со
изведувaње на градежни и градежно занаетчиски работи од областа на високоградба и нискоградба.
Во областа на градежништвото Друштвото има долгогодишно искуство кое датира од 1965 година кога во тогашни форми на делување (како приватни претприемачи) работеше во просториите на бивша СФРЈ (Хрватска и Словенија). Денес својата дејност ја обавува исклучиво на просторот на РМ.
Виа Инжинеринг ДОО Вевчани има изведувано работи за јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ за изградба на станбено деловни објекти во Скопје, Македонска Каменица, Пробиштип, Струга, Неготино, Кавадарци, Берово, Битола, Прилеп и Демир Хисар. Исто има извршувано интервенции по рамковни договори за одржување на повик на АД Македонски телекуминикации Скопје, интервенции по рамковни договори за ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ и Рамковен договор за интервенции и одржување на АД Макпетрол Скопје.
Во Виа Инжинеринг ДОО Вевчани, за одржување на својата дејност од областа на грaдежната оператива, работат четири градежни инженери, над четириесет работници оспособени за комлетно извршување на работите од нискоградба и високоградба. Друштвото располага со целата потребна опрема и други физички капацитети за извршување на градежни работи од областа на високоградба и нискоградба.